Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

663 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 663 возачи. Од нив, 109 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 364 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК