8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Срамно однесување на Данела Арсовска, не се појави на доделувањето на наградите „13 ноември“

Соопштение на СДСМ:

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“.

Срамно неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје, на доделување на една од најпрестижните награди во македонското општество.

Заради политиканство Арсовска не ги испочитува бројните доктори, професори, уметници кои се добитници на овогодишената награда.

Никогаш досега во историјата на Град Скопје не се случило градоначалникот да не присуствува на доделувањето на 13-ноемвриските награди. Постапката на Арсовска е опасен преседан.

Уште во првите денови од мандатот, скопјани сведочат на арогантноста и неодговорноста на Арсовска.

Со вакво однесување, со поделби и незрело однесување, Арсовска не може да биде градоначалничка на сите граѓани на Скопје, таа само покажува дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, дека нејзините лични интереси и се побитни од интересите на Скопје и скопјани.

Арсовска самата потврди дека е кадар на режимот на Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК