18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски преку сојузот со Апасиев покажа дека се коцка со европската иднина и етничката помиреност

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е главниот виновник за земјава да се најде во политичка криза, лажно тврдејќи дека обезбедил мнозинство, односно 61 пратеник кои ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и колаиционите партнери.

Го уценуваше со рокови за оставката премиерот Заев, но во четвртокот се покажа дека Мицкоски немал сигурни 61 пратеник за да падне владата. Овој неуспех потврди дека Мицкоски никогаш немал обезбедено мнозинство и сите негови, претходни најави дека има пратеници, а сигурно најави десетина пати, го наметнаа дискурсот во јавноста дека Мицкоски само предизвикал политичка криза од која имаше замислено да излезе како победник. Но, планот не му успеа, а сега мака му создава можноста Заев да обезбеди 64 до 65 пратеници.

На седницата многу пратеници се откажаа од иницијативата бидејќи во обидот за преземање на власта Мицкоски во својата екипа го вклучи и лидерот на Левица Димитар Апасиев кој има целосно антиевропски, анти-НАТО и антиалбански ставови, што предивика револт кај одредени пратеници и токму затоа ги повлекоа прво своите потписи, а потоа некои целосно се откажаа. Иако претходно ВМРО ДПМНЕ манипулираше јавно дека Апасиев одрботува за Заев и тоа го мислеа до изборите, сега им паднаа маските за граѓаните да посведочат кој е вистинскиот непријател на евреопските аспирации и кој сака одново да се вратиме кон етнички тензии.

Коалицијата со Апасиев покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема план, ниту стратегија во која насока сака да се движи Северна Македонија, туку тргна прво да ја освојува власта, а потоа да се одредуваат приоритетите. Мицкоски со овој сојуз јавно покажа дека би се коцкал со европската иднина на државата и со односите со Албанците само да задоволи свои лични апетити.
среќа преовлада разумот и сфаќањето на европската државна политика.

Движењето БЕСА вчера одржа состанок на Централното претседателство.
Во соопштението испратено до медиумите партијата на Билал Касами изразува загриженост дека власта врши притисок врз пратениците на Беса.

Но, дали  ова предупредување е само демонстирање страв и немоќ дека после Кастриот Реџепи, друг пратеник ќе ја напушти Беса, но и по неуспехот на партијата во авантурата за рушење на владата. Сега Касами е соочен со опасноста да остане само со еден пратеник, иако на изборите лани освои четири. Ова несомнено ја рангира Беса во најголем губитник во оваа владино- опозициска битка за мнозинство во парламентот.

Сега СДСМ, ДУИ и партнерите имаат 59 пратеници. Иако се уште не потврдил, најверојатно Кастриот Реџепи кој не гласаше за рушење на Владата, ќе се приклучи како 60-ти.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска рече дека ги делат заедничките вредности, па верува дека Реџепи лесно ќе се најде на платформата на мнозинството во Собранието.

Инаку, се поизвесно е дека Алтернатива со своите четири пратеници може да стане дел од Владата. Доколку се реализираат овие пресметки, мнозинството би достигнало до 64 пратеници, а доколку се остварат гласините Беса да ја напушти уште некој, се стигнува до 65. Тогаш може и да функционира парламентот со кворум на владејачкото мнозинство.

Сега Мицкоски ќе се фокусира на барањето предвремени избори, но со нов распоред на силите во парламентот тоа тешко ќе му оди.