21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Протоколарен дебакал на Арсовска за празникот на градот

Отсуството и розевиот капут на новата градоначалничка за 13-ти ноември ги вознемирија скопјани, пишува Фронтлајн.мк.

Новоизбраната градоначалничка на Скопје вчера не се појави на доделувањето на наградите „13-ти ноември“ на општо чудење на присутните на одбележувањето во национална филхармонија. Постарите скопјани велат дека ова е прв пат некој градоначалник на Скопје да не се појави и лично да ги додели градските награди кои што се доделуваат традиционално уште од 1955 година. Дознаваме дека овој однос предизвикал голем револт меѓу наградените кои оваа година останале без честитка и признание од мајката на градот. Меѓу нив, оваа година се универзитетски професори, публицисти, лекари, археолози, уметници, но и институции и средношколци со посебни достигнувања минатата година.

Непојавувањето на Арсовска на доделувањето на наградите сепак не е единствениот протоколарен пропуст за одбележувањето на 13-ти ноември. На денската свеченост на гробиштатата во Бутел и пред споменикот на ослободителите на градот пред зградата на Владата, Градоначалничката се појави во розов капут несоодветен за денот и пригодата кога се сеќаваме на стотиците загинати партизани во битката за Скопје. Ведрите бои, иако често користени од политичарките денес, се крајно несоодветни за ваквите прилики и се навредливи за оние чии што дела ги одбележуваме, велат познавачите на државниот протокол кои останале зачудени од појавата на Арсовска.

Помал пропуст, веројатно како резултат на непознавање на градот и неговите институции, е што Арсовска положуваше цвеќе во придружба на лица од својот нов кабинет, наместо именувани и избрани функционери како што било досега случај. Арсовска можела со себе да покани членови на Советот, или највисоките административни службеници од градската администрација, или пак директори на јавните претпријатија. Со спуштањето на нивото на придружбата, коментираат познавачите на државниот протокол, се спушта и почитта која што им ја даваме на оние чии што дела се одбележуваат.

Останува да видиме дали првиот протоколарен настан на Данела Арсовска е и последниот со вакви пропусти, или новата Градоначалничка на Скопје има намера да ги менува утврдените скопски традиции и да сврти нова страница во својот мандат во однос на одбележувањето на ослободувањето на Скопје, пишува Фронтлајн.