Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Денеска во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода С.А.(35) од Скопје, И.И.(29) од Скопје и М.Р.(29) од с.Никиштани, скопско.

Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 10/11.11.2021 од објект во изградба на ул.„Ташко Караџа“ одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +