Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Кастриот Реџепи исклучен од Беса

Лидерот на Беса, Биљал Касами, на својот фејсбук-профил истакна дека го исклучува Кастриот Реџепи од партијата.

Касами додава дека оваа одлука стапува на сила веднаш.

„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член на Движењето Беса“, напиша на својот профил Касами.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК