Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес ги вознемири дебарчани, епицентарот во Албанија

Дебарчани попладнево ги вознеми земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја.

Потресот е почуствуван во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.

Дополнителен проблем на дебрани е што има и прекин во снабдувањето со електрична енергија од 15:30 часот без никаква претходна најава.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

ДЕСК

Земјотрес почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот во Албанија

ДЕСК

ПОЧНА НЕВРЕМЕТО: Силен пороен дожд во овие делови од Македонија

ДЕСК