Centar.mk
БИЗНИС

Соопштение: СН Осигурителен Брокер ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата поради енергетската криза

Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен Брокер АД Битола од синоќа ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата.
На овој начин компанијата се приклучува на иницијативата за заштеда на електрична енергија поради енергетската криза.

Светлечките реклами во седиштето и подружниците на СН Осигурителен Брокер на 40 локации низ државата ќе останат исклучени во период од 30 дена, односно за време на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор.

Со овој гест, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ја поттикне и јавната свест за потребата од одговорно и рационално користење на електричната енергија, со што се дава придонес и во заштитата на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Среќна вест за пензионерите – Оваа наша банка ги исплати пензиите уште денес

ДЕСК

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со силен раст и инвестиции

ДЕСК

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

ДЕСК