Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нехуман потег на опозицијата: Два пратеника болни од ковид во скафандери, со часови се “држат” во Собранието во надеж дека Мицкоски ќе ја урне Владата

Нехуман однос на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кон своите два пратеника кои се болни од ковид 19, и во скафандери со часови ги држат во Собранието, со надеж дека ќе соберат 61 пратеник.

Од вчерашните 62 кои ги најави Апасиев, едвај се појавија 60 пратеници, а од нив двајца се заразени од ковид.

За да биде иронијата поголема, еден од тие двајца пратеници, Никола Мицески е координатор на ВМРО ДПМНЕ, кој беше еден од најгласните кога пратеници на СДСМ беа заразени од ковид и дојдоа во скафандери да гласаат ов собранието во април годинава. Некои од опозицијата ја употребија и фразата “биолошки тероризам”, други пак поднесоа кривични пријави, но изгледа кога се работи за нивни структури има двојни аршини.

И за крај, дали водците на опозицијата ќе одговараат доколку нешто им се случи на пратениците позитивни од ковид?

Можеби ќе ве интересира

Благ раст на довербата во институциите и задоволството од работата на Собранието

ДЕСК

Јанчев: Дали планирате да воведете институција „родител-негувател“ за децата со попреченост?

ДЕСК

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

ДЕСК