Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Груби за одлуката на Реџепи: Неговото срце спие во Вашингтон и Брисел (ВИДЕО)

Првиот вицепремиер Артан Груби денес ја коментираше одлуката на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој реши да не учествува на седницата на која се очекува да се гласа за недоверба на Владата, пишува Алсат.

Груби рече дека во собранието има две линии, едната води кон запад и другата која носи кон изолација.

Груби беше прашан и за обвинувањата што му ги упати лидерот на Беса дека власта му се заканувала на пратеникот Реџепи. Груби за оваа кратко кажа дека тоа е невистинито.

„Не е точно, Кастриот отсекогаш бил ориентиран кон ЕУ и НАТО. Ги знам целосно неговите убедувања, и дека дека неговото срце спие во Вашингтон и Брисел“, рече Груби.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЛЕДЕН ДЕКЕМВРИ – Температурите ќе паднат до -16 степени, се очекуваат магла и дневен мраз

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ЛИЦАТА ШТО ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Политички реакции по настанот во Гостивар

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

ДЕСК