24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гаши: Нема Влада со партии кои немаат јасна цел, а тоа е ЕУ, НАТО – „СДСМ има заслуги за НАТО и ЕУ“

Веднаш после претседателот на Собранието, Талат Џафери, во ТВ21 гостува и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Според него, нема Влада со партии кои немаат јасна цел.

„Во партијата имаме разговарано само за гласање на недоверба на Влада. Тоа денес не помина. За да биде Алтернатива дел од некоја Влада ќе треба да разговараме во партијата, но морам да напоменам – нема Влада со партии кои немаат јасна цел, а тоа е ЕУ, НАТО“, порача Гаши.

Тој додава дека немаат забелешки за СДСМ.

„Тие имаат заслуги за членството на државата во НАТО. Имаат заслуги и за европската агенда“, порача Гаши.