17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Калеска-Ванчева: Нема да имаме пријави за пратеници ако гласаат во скафандери, но опозицијата беше против измени во Деловникот

Ние тврдевме дека не е кривично дело за да се гласа во скафандери затоа што тоа им беше потребно на граѓаните да се изгласа пакетот кризни мерки, па и направивме измени во Деловникот за да може поради пандемијата  пратениците според протоколи да не ја кочат работата на Собранието, рече пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева во гостувањето на МТВ.

-Ние не планираме да поденсуваме кривични пријави, а пратениците кои ќе дојдат да гласаат за недоверба на владата тогаш беа против  и не обвинуваа за манипулации, а сега кога е во нивен интерес не им е проблем, појасни таа.

Калеска- Ванчева појасни дека коалицијата на СДСМ не се заснова на притисоци, токму таков чин е демократското право на партиите на пример да настапат сами на локалните избори, што за ВМРО-ДПМНЕ не е разбирливо бидејќи тие не ни започнале со демократски развој.

-Секој политички субејкт во нашата коалиција има право на своја одлука и ние веруваме во коалицискиот капацитет и во искреноста на колаиционите партнери бидејќи не отстапија од коалицискиот договор, а тоа е идеологија и платформа, а не е само проста математика, додаде таа.