Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Џафери: Заев направи добро што не се повлече

Заев направи добро што не се повлече. Ова го кажувам како дел од актуелното мнозинство. Не треба да се води од моментални емоции, изјави вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Клик плус“.

Според него, премиерот не треба да носи емотивни одлуки, затоа што има одговорност да ја води Владата.

-Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба, вели Џафери во однос на закажаната интерпелација на владата во четврток.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК