12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шмид од Германија: Оставката на Заев е тежок удар за проширувањето на ЕУ

Оставката на Заев не само што е лоша вест за реформските напори коишто тој ги започна во Северна Македонија, туку и лоша вест за иднината на европскиот проект, вели во интервју за партиското гласило на германските социјалдемократи (СПД), Нилс Шмид надворешнополитички гласноговорник на пратеничката група на СПД во Бундестагот, пренесува Дојче веле.

Понатаму Шмид апелира до Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција, додека на партиско ниво очекува да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и со евентуалниот нов лидер. Смета дека оставката ќе има реперкусии и врз процесот на проширувањето на ЕУ во регионот.

-И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ, истакна Шмид.

-Оставката на Заев е тежок удар, не само за европската социјалдемократија, туку и севкупно за проширувањето на ЕУ. Не смееме да го потценуваме разочарувањето на младата, европски ориентирана генерација кое го произведува недоволната поддршка за социјалдемократските, реформски ориентирани политичари како Заев, заклучува германскиот политичар.