Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Шокантно: Дел од пратениците кои вчера дале потпис за “мнозинството” на Мицкоски и Апасиев биле злоупотребени, тврди Митрески

– Добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени, соопшти доцна попладнево Јован Митрески, координатор на СДСМ и коалиционите партнери во парламентот,.

– Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок, порача Митрески, кој исто така потврди дека целата владејачка коалиција дава поддршка на актуелната власт.

– Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста, рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК