Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се обидам да формирам нова влада само ако сум сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет

Овие избори значеа референдум за оваа влада и нејзините политики. Заев мора да падне затоа што ги изневери очекувањата на народот, владее со измами и пазарења, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

„ВМРО ДПМНЕ влегува храбро и се ставаме на страна на народот, затоа по изборите тргнав во создавање на ново мнозинство. Заедничкиот блок меѓу ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците- Алтернатива, Партијата Левица и Движењето Беса е коалицијата против криминалот на власта. Очекувам мнозинството да се зголеми. Ќе се обидам да формирам нова влада само ако сум сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет. Ако не се постигне оваа цел и не обезбедам полна ефикасност на владата, ми останува да барам брзи предвремени парламентарни избори за народот да одлучи за новата иднина“, нагласи Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК