Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за локална самоуправа до општините порача да користат „Северна“ во согласност со Уставот

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, до сите општини, до градот Скопје и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа достави писмено мислење за примената на член 38 од Законот за локалната самоуправа, којшто се однесува на свечената изјава што ја даваат новоизбраните членови на советот, на конститутивната седница.

„Секоја употреба на други зборови, освен зборовите ‘Република Северна Македонија’ во свечената изјава е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија, како највисок правен акт во хиерархијата на правниот поредок“, се наведува во соопштението.

Се додава и дека треба да се имаат предвид штетните последици кои можат да произлезат од нефункционирањето на советите, односно општините, и штетните последици со кои се нарушува меѓународниот углед на земјата и се поткопува правниот поредок, поради непочитување на Уставот.

Штип беше првата општина во која советниците се раскараа околу користењето на новото име на државата, па така советниците од СДСМ ја напуштија конститутивната седница, бидејќи на документите пишувало Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК