14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владината коалиција има повеќе гласови од цела опозиција на купче – еве ги бројките

Партиите од владината коалиција освоија 17.256 гласоив повеќе од сите партии во опозиција ставени на купче.

Така според пресметките од гласовите за советничките листи кои се најлегитимен извор од резултатите од Локалните избори владината коалиција од СДСМ, ДУИ, ЛДП-ДОМ, БЕСА; ДПА, ВМРО народна, Нова Алтернатива, ДПТМ, ПДТ, БДС и останатите партии кои учествува со овие коалиции имаат 416.025 гласови.

Советничката листа на опозицијата на купче освои 398.769 гласови.

Така ДПМНЕ, освои 290.677 гласови, Левица, 50,326, Алијанса и Алтернатива 55 илјади, а Гром само 2.689 гласови односно вкупно 298.769.

Со ова се потврдува легитимитетот на мнозинството и Владата.

Спонзорирано: