25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потег кој не го направил ниту еден премиер низ историјата – Зоран Заев е првиот кој се повлекува по првиот пораз, Мицкоски не си отиде ни после низа казни од народот

Интересна ситуација во која опозицијата со најслаб резултат низ историјата од само 280 илјади поддржувачи на свое конто, успеа да изнуди остава од прозападната влада во Македонија, поради победата на локалните избори во повеќе општини.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и премиер во оставка е првиот македонски политичар кој после загубени избори дава оставка од сите функции, што е спротивно од она што го направи Мицкоски кој загуби серија на изборни циклуси, но никогаш немаше доблест да се повлече.

– Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија. Изразувам посебна огромна почит до сите вас, прогресивен мој народе. Сакам да им честитам на сите избрани градоначалници и советници, посакувам чесно и одговорно да им служат на граѓаните. Дозволете да искоментирам неколку работи. Горд сум што заедно ја внесовме земјата во НАТО, лани добивме одлука за почеток со преговорите со Европската Унија и верувам дека имаме шанси да отпочнеме преговори за неколку месеци. Си го обединивме нашиот мултиетнички народ и економски видливо го зајакнавме и покрај пандемијата која што владееше. Спроведовме успешен попис, изградивме историско пријателство со сите наши пет соседи, со договорени стратешки партнерства.
За нас прогресивните кои веруваме и им се радуваме на овие историски успеси, за жал дојде политичка казна, рече Заев во синоќешното обраќање пред соопштување на конечните резултати.