24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ОДИХР ќе го презентира извештајот за вториот круг од локалните избори

Набљудувачката мисија на ОДИХР денеска ќе ги презентира своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2021 во Северна Македонија.

На прес-конференцијата ќе се обрати Тана де Зулуета, шефица на Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Штефан Краузе, заменик-шеф на Мисијата.

Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, во вториот круг ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји.

Мисијата на ОДИХР излезе со прелиминарна оценка и ден по првиот круг од изборите, во која беше наведено дека локалните избори беа со натпреварувачки дух, со почитување на основните слободи, но дека се потребни суштински реформи во однос на изборното законодавство. Притоа беше наведено дека апаратите за отпечаток од прст го забавија гласањето, дека броењето на гласовите генерално било добро, но имало проблеми со сумирањето. Забележано било групно гласање, притисоци и купување гласачи, беше наведно во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија.

Цел на мониторингот како што велат од таму е оценување до кој степен изборите се одржуваат во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство.