18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
МАКЕДОНИЈА

Бугарското МНР ја “искара” СДСМ за кампањата против Данела Арсовска

Бугарското министерство за надворешни работи реагира на „агресивната политичка кампања спроведена минатата недела, поврзана со намерната злоупотреба на темата со поседувањето бугарско државјанство во изборниот процес во Република Северна Македонија.

„Апсолутно е неприфатливо да се користи говор на омраза како инструмент на внатрешно-политичкото спротивставување“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека бугарската страна се воздржала од итна реакција, бидејќи не сакала да се вклучи во предизборната полемика во С. Македонија. Но, како што наведуваат, немешањето во политичките процеси во земјава, не значи прифаќање континуирана дискриминација и говор на омраза кон граѓаните на Република Северна Македонија кои на некој начин се поврзани со Република Бугарија и бугарскиот народ.

„Настаните од изминатата недела и агресивната реторика во изборната кампања за градоначалник на Скопје се уште еден илустративен пример за наметнатата атмосфера на нетрпеливост и непријателство кон граѓаните со бугарски идентитет и кон Република Бугарија“, соопштија од бугарското МНР.

Владејачката партија СДСМ на прес-конференции истакнуваше дека независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство, а поседувала и бугарска лична карта.

Арсовска победи на избори за градоначалник на Град Скопје.

Од бугарското МНР велат дека неуспехот на антибугарска кампања на последните избори покажува дека таа не наидува на поддршка од граѓаните на Република Северна Македонија.

„Очекуваме ова да биде дополнителен поттик за претставниците на сите политички партии во иднина да се воздржат од користење на таканаречената Бугарска карта во контекст на политичкото и општественото спротивставување“, соопшти бугарското МНР.