Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Раст на излезноста во Скопје во однос на првиот круг

Зголемен е бројот на гласачи кои до 11 часот одлучија да го искористат своето право на глас во Скопје. Денеска регистрирани се 13,31 отсто, додека во првиот круг кој се одржа пред две недели излезноста беше 9,54 отсто.

Најголем раст се бележи во Карпош и во Кисела Вода. Во Карпош денеска до 11 часот на гласање излегле 17,57 отсто, додека во првиот круг бројката беше 10,33 проценти. Во Кисела Вода, пак, денеска излезнооста е 16,54 отсто, а пред две недели беше 11,45 проценти.

Намалување на излезноста се бележи единствено во Сарај. Пред две недели таа беше 6,05 отсто, а денеска до 11 часот на гласање излегле 5,42 проценти од избирачите.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК