29. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

На класичен начин со УВ лампа и спреј се гласало во Центар и Сарај оти немало сигнал за смарт картичките

На три избирачки места во Центар и во Сарај утрово по околу еден и пол час се гласало на класичен начин со УВ лампа и спреј.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски објасни дека дозволиле да се гласа на класичен начин додека се надминат проблемите за да не се враќаат гласачите дома.

„Прекини од 1 час имаше на избирачките места 2867/1,2831, 2815 во Центар и три места во Сарај односно на избирачките места 2433, 2435 и 2438. Поради неизвесноста дали ќе се вратат граѓаните, ги повикувам оние што се вратиле повторно да излезат, дозволивме да се гласа на класичен начин, но проблемите се надминати. Причините за прекините се банални, немање сигнал за смарт картичките. Во тој саат и половина додека дојдат да земат нови, решивме да се гласа на класичен начин, но продолжено е да се гласа со уредот“, соопшти претседателот Даштевски.

На сите избирачки места, според досегашните податоци, претседателот Даштевски извести дека се гласа со уредите за биометриска идентификација, вклучително и во руралните средини.

Прекини поголеми од еден час имало и на едно избирачко место во Карпош, во Чешиново – Облешево и во Зелениково, но на ниту едно избирачко место прекинот не надминал три часа.

На сите избирачки места каде што имало прекин поголем од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, потенцира Даштевски.