Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

До 15 часот гласале 34,22 отсто од гласачите

До 15 часот одѕивот на изборите е 34,22 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски извести дека и попладнево продолжува трендот на поголем одѕив во споредба со првиот круг. Одѕивот во првиот круг при пресекот во 15 часот бил 31,47 отсто.

До 15 часот најголем е одѕивот во Вевчани 66,54 отсто, а најмал повторно во Сарај, каде на гласање излегле 16,38 отсто од запишаните гласачи.

„Немаме пријави за неправилности на ниту едно избирачко место и засега гласањето тече мирно. Се надевам дека така ќе продолжи и ги повикувам сите граѓани и кои досега не го направиле тоа да излезат и да го остварат своето гласачко право“, рече претседателот Даштевски.

Во Државната изборна комисија пристигнале 311 приговори од кои 268 се прифатени, 25 се одбиени, а 18 од гласачите било утврдено дека ги има во Избирачкиот список.

Гласањето во цела држава се гласа со користење на уредите за биометриска идентификација, без проблеми.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК