10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре магла и облаци, вторник дожд – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Времето утре ќе биде наутро студено, по одделни котлини и речни долини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од јужен правец.

До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне. Од вторник, особено вдолж Повардарието, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а утринската температура значително ќе се зголеми. Од среда во пораст ќе биде и дневната температура.

Прогноза за 01.11.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Наутро по котлините, особено на југот, со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Прогноза за 02.11.2021
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Претпладне облачно со врнежи од дожд. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 03.11.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: