Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Студени утра, сончеви денови – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено од понеделник. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.

Прогноза за 31.10.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Наутро со услови за појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 01.11.2021
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Потоа ќе е претежно сончево со мала до умерена, а попладне со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе биде ветровито и во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 02.11.2021
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Наутро со појава на магла и ниска облачност и врнежи од дожд кои до крајот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен претежно југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК