Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илиевски на Алсат М: Димитриевски беше градоначалник, претседател на совет со прст не мрдна да се изгради една градинка, ама за себе изгради игралиште на викендица

Целокупната кампања на Димитриевски е театар истакна кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски за актуелниот градоначлник Максим Димитриевски на дебата на Алсат М телевизија.

„Димитриевски беше градоначалник, претседател на совет со прст не мрдна да се изгради една градинка, тоа се 12 години власт во општината и не направи ништо за Куманово, стави само столбчиња на октомвриска, монтажна катна гаража и еден кружен тек, како и тартан подлоги на 13те игралишта кои Владата ги изгради, а тој изгради и едно за себе на својата викендица„ рече Илиевски.

Илиевски истакна дека Програмата Најдоброто за Куманово не е лист хартија како што вели Димитриевски, „туку тоа е моја заложба за Куманово за чист, модерен и европски град. Имаме тим на експерти за реализација на тие проекти. Бараме поддршка од граѓаните, се со цел да ги реализираме сите проекти. Нема да ставаме столбчиња, туку ќе садиме дрвја. Ќе градиме паркови, шеталишта, игралишта, реконструкција на сите училишта. Ако Владата даде 3.4 милиони евра за образование во Куманово, ние во соработка ќе донесеме 6.5 милиони евра инвестиции во образованието за овие 4 години.„

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК