Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски на Телма: Позитивно е на терен, ќе имаме гласови и од други партии

„Сликата од терен е позитивна, нашите гласачи во поголем број ќе излезат во вториот круг и ќе ни дадат поддршка. Во првиот круг сме победници, иако очекувавме поголема излезност и поголеми бројки. Сепак очекуваме и дополнителни гласови во вториот круг од останатите партии и кандидати кои веќе отпаднаа“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски на дебатата на Телма.

Тој додаде дека во изминативе денови учествувал на неколку дебати со незвисните листи и други партии на кои се размениле мислења, предлози и идеи кои биле компатибилни со неговата програма поради што верува дека нивните гласови ќе се прелеат во вториот круг кај нив.

На дебатата организирана од независната листа „Шанса за Центар“ не учествуваше кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар, како ни избраните советници од оваа партија, а не учествуваа ни советниците на партијата Левица.

„Според мене е недозволиво еден кандидат и политичка партија да бегаат од дебати. Во целиот изминат период кажувавме дека сме отворени, транспарентни и ќе дебатираме со сите чинители. Разочарувачки е да не учествуваат на дебати кои се во интерес на граѓаните“ кажа Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +