Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски на Телма: 20 отсто зеленило за секоја нова градба и паркинзи на самата парцела

„Во целата кампања зборувам со факти и аргументи за Центар да биде позелен. Нема да дозволиме да има никаква сеча и ќе мора да се почитува законот за 20 отсто зеленило за секоја градба и задолжителен паркинг простор во самата парцела“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски на дебатата на Телма.

Тој додаде дека сега инвеститорите го изигруваат законот и тие 20 отсто зеленило ги ставаат на крововите или во одредени жарињерии, што морада биде сопрено.

„Се знае што е 20 отсто, во самата парцела мора да биде тоа, а не на кровот на зградата“ кажа Герасимовски.

Тој повтори дека со цел повеќе зеленило во Центар и подобро менаџирање со истото, заедно со стручни луѓе ќе се направи регистар на дрва и зелелни површини на територијата на целата општина.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК