Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов на Сител: Не е проблем ако Данела е Бугарка, туку што ја лажеше јавноста

Акo воопшто постоеше црна кампања тоа е онаа која ВМРО-ДПМНЕ ја води пет  години, а особено последниве пет месеци, за мене за семејството, за се, за Данела Арсовска немам изговорено ниту еден лош збор и не е проблем државјанството туку зошто ја излажа македонската јавност, а тоа не е црна кампања, таа може да се чувствува како сака дури и како Бугарка, но проблемот е во криењето, рече кандидатот и актуелен градоначалник, Петре Шилегов во гостувањето на вестите на Сител.

-Јас се уште немав дебата со неа, не знам што ја навредило досега, ама бегањето од дебатата е нешто што  е недозволиво и арогантно однесување кон граѓаните, ние нема да се убедиме, бидејќи сме противкандидати, но тука сме за граѓаните.

Запрепастувачки е и излегува дека целата нејзина кампања е измама, дополни Шилегов.
Тој појасни дека добар дел од спомениците не се ингеренција на град Скопје, а треба да се искористат сите правни процедури за да не се оштети буџетот.

-Градот има лимитиран буџет, па дали да се трошат дополнително на тие 680 илјади евра за барок, бронза, но решивме да градиме иднина, улици, мостови, проекти за бас рапид транзит, тоа се приоритетите на градот.

Цели 27 години не беше изграден ниту еден мост, ниту улици и булевари, ниту пак беше решен проблемот со сообраќајот, појасни Шилегов.
 

Спонзорирано: