20.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Недела е денот кога треба да се зададе правецот за демократска и современа држава

Погледнете ги изминатите четири години. Споредете ги со оние 11 пред тоа, па потоа донесете одлука за претстојните избори, порача во видео обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Дали да талкаме неодлучно, де на исток, де на запад, пола чекор напред, три чекори назад? Дали сакаме несигурност, без стратешки партнери и меѓународни пријателства? Дали сме за нови конфликти, за кавги, за граѓани од прв или втор ред?, прашува Заев.

Според него, доколку одговорот на овие прашања е познат, недела е денот кога треба да се зададе правецот за општини кои работат за народот, но и за демократска и современа држава, меѓународно етаблирана, партнер со големите сили, за општество во кое доминира грижата за луѓето, за Северна Македонија која оди напред, стабилна, мирна и просперитетна.

-Македонски народе, длабоко сум уверен дека модерниот патриотизам во 21 век не значи измислување нови идентитети, градење лажни митови и бели палати. Современиот патриотизам значи поглед напред, јасна визија, одлучност, цврст став, градење мостови, создавање стратешки партнерства и реализирање на сонот на генерациите пред нас, порача Заев.