Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шилегов од Карпош: Конечно Скопје не е партиско туку е на граѓаните

„Веднаш по првиот круг на локалните избори видовме какви се во својата душа противкандидатите и велат Скопје бил вмровски град. Не, Скопје не е вмровски град, Скопје не е сдсмовски град. Скопје не е на ниту една политичка партија, Скопје е на вас граѓаните и граѓанките“ кажа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на граѓанскиот собир во Карпош.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ повторни го потценува и понижува јавните граѓани, бидејќи нивната кандидатка Данела Арсовска одбива да излезе на јавна дебата и на соочување на фактите.

„Немаат ниту минумум демократска пристојност. Граѓаните треба да одлучуваат од нашите соочувања, нашите стратегии, што е планот на секој од нас за развојот на градот“ рече Шилегов.

Градоначалникот на Скопје додаде дека тој нема ништо против некој да се чувствува како Бугарин и да има бугарско државјанство, но има против кога некој тоа го крие од граѓаните и лаже.

„Како може човек што бега од своето минато, да гради иднина за целиот град?“ запраша Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК