17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски на ТВ 24: Мнозинството е стабилно и само може да се зголемува

-Нашето парламентарно мнозинство во моментов е стабилно. Сите коалициони партнери излегоа и ја поддржаа Владата, посочија, изјавија, ова парламентарно мнозинство е стабилно и дека треба да продолжи. И тоа се насоките и тоа е реалноста којшто ќе се случи после 31 октомври, ова парламентарно мнозинство единствено нешто што може е само да окрупни, односно да се зголеми, увери патеникот на СДСМ, Дарко Каевски, на телевизија 24.

Дополни дека Владата има мандат од четири години и дека треба да продолжи со развојот на државата.

-Мандатот којшто го добивме од граѓаните во 2020 година на предвремените парламентарни избори беше мандат од четири години и во тие четири години да продолжиме да се зголемува и подобрува стандардот на граѓаните во нашата држава, да има економски раст, да растат платите, пензиите, да има сериозно вложување во капитални проекти, сето тоа е показател и доказ дека дополнително граѓаните ни дадоа мандат да Владата биде во наредните четири години…Да, секако со Зоран Заев како премиер, категоричен беше пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски на гостувањето во ТВ 24.

Спонзорирано: