16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Син на кандидат за градоначалник дел од групата која прободе момче, а повреди уште едно лице од СДСМ кои делеле флаери

Омразата, заканите за убиства, бркање од работа откако ќе дошло ВМРО со долгата рала, која се сее на социјалните мрежи од опозициските онлајн ботови ескалира последниов период. Доказ за тоа е и последниот инцидент во кој беше прободено момче од СДСМ, кое делело флаери во скопско Влае.

Според медиумите еден од напаѓачите бил син на кандидат за градоначалник.

– Син на кандидат за градоначалник бил дел од групата која вчеравечер физички се пресметувала со активисти на СДСМ во скопската населба Влае, при што се повредени двајца членови на партијата, објави весникот Фокус, повикувајќи се на свои извори.

Активистите на СДСМ синоќа во Влае биле физички нападнати од неколку лица, соопшти денеска пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, посочувајќи дека еден на нападнатите бил повреден со нож, а на другиот му била скршена аркадата.

„Дали причина за ваквиот крвнички напад е овој флаер, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае? Да не дозволиме подземјето насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош?“, запраша Георгиевска, информирајќи за досега најсериозниот предизборен инцидент во Скопје.

„Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела“, рече меѓу другото Георгиевска.

Спонзорирано: