Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија

Мицкоски: Ќе загубат на избори, но барем да се повлечат достоинствено

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Злетово во Општина Пробиштип, каде што се промовираше кандидатот за градоначалник, Маријан Миленковски порача дека актуелната власт ќе загубат, но какошто рече, барем да се повлечат достоинствено. Посочи дека последните денови гледа невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во редови на СДСМ. Мицкоски додаде дека од власта, а отворат уста ги лажат граѓаните.

– Го слушам вчера на прес конференција Зоран Заев вели ќе инвестирал во периодот кој што следи ни помалку, ни повеќе 12 милијарди евра. Дури и милијардата на Циле е мало дете за Зоран Заев. Можеше комотно да си каже човекот и 50, 100 милијарди, што знае што е милијарда. Но, тоа е она кое што Зоран Заев најдобро го знае и најдобро го умее, човекот едноставно има образ ѓон, затоа што таков му е наравот, рече Мицкоски.