Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во март предложи измени на Законот за претниците со кои пратеник во македонското Собрание може да станат лица кои поседуваат само македонско државјанство. Ваквиот предлог беше прифатен од владејачката СДСМ.
Објаснувањето на ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше дека на овој начин ќе се заштити функцијата од негативни влијанија на угледот на лицето кое ќе биде избрано на избори.
Сепак, само неколку месеци потоа, токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата која поддржува кандидатка за градоначалник на Град Скопје, лице кое има бугарско државјанство. Како што објавија од владејачката партија, кандидатката Данела Арсовска веќе десет години поседувала бугарско државјанство.
Со овој потег, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш си ги показува своите т.н. принципи и се води по матрата „гледај ме што зборувам, а не што правам“.