Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шилегов: Бегањето од дебати на Арсовска е навредливо е за скопјани

Шилегов вечерва на интервју на Телма се осврна зошто и понатаму Арсовска бега од дебати.

„Врвот на демократијата е всушност дебатата. Ние сме тука заради публиката, не заради нас самите. Ова мене ме потсетува на некои други времиња. Круна на демократијата е дебатата меѓу противкандидатите“ објасни Шилегов.

На прашањето дали планира да ѝ се извини на Арсовска за наводната негативна кампања, Шилегов додаде: „Мислам дека не станува за навреда, туку дека се свесни во штабот на Арсовска дека ќе бидат разобличени нејзините празни флоскули што ги слушавме низ кампањата. Кога можеше да се скрие зад 10 други кандидати, доаѓаше, сега не. Во првиот круг бев предмет на директни вербални напади на соочувањата, па сепак доаѓав. Тоа го амортизирав со достојно однесување. Нашите лични односи не можат да бидат во преден план кога претендирате да водите еден град.“

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК