На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, кажа пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, откривајќи дека Арсовска поседува бугарско државјанство.
-Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство, вели Петровска.
Таа обвини дека цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина.
-Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате?
За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?, прашува Петровска.
Таа додаде дека не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.
-Ова е класично потценување и навреда на скопјани.
Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот?
Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.
Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат, нагласи Петровска, повикувајќи на 31 октомври масовно да се излезе на гласање, за да не се дозволи со Скопје да раководи лице со туѓи интереси.