18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Илиевски за Куманово: Ќе ги споиме двата плоштада со подземна сообраќајница

„Помеѓу макропроектите кои ги предвидуваме за Куманово за следните четири години е модерен плоштад. За таа цел ќе изградиме подземна сообраќајница и подземна гаража за 700 возила. Со тоа ќе ги споиме двата плоштада за да се изгради модерно шеталиште“ кажа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата Оливер Илиевски на дебатата на Дневникот на Сител.

Тој додаде дека Куманово е единствениот град кој што нема вакво модерно шеталиште. Илиевски исто така најави и проекти за решавање на сообраќајниот хаос во градот преку продолжување на булеварот Октомвриска револица, како и изградба на две катни гаражи во близина на институциите, за вработените да не мора да влегуваат во централното градско подрачје.

„Планираме и реконструкција на градскиот стадион со проект. Куманово е град од 120 илјади жители, што за жал, нема стадион со кој ќе се гордееме. Немаме ни фудбаслки клуб кој игра барем во втора лига. Ние планираме да финансираме на клуб под општинска капа, каде што нашите кумановци ќе играат за да донесеме и фудбалки успех во градот“ кажа Илиевски.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата додаде дека имаат финансиска конструкција за целата програма и најави дека овие проекти ќе бидат завршени во четиригодишниот мандат.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК