Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Илиевски: Димитриевски сака да владее како автократ со Куманово, ние го нудиме најдоброто за граѓаните и за Куманово!

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово на Сител дебата истакна “Никој не смее да владее со градот, туку треба да се менаџира. Граѓаните очекуваат исполнување на програмата, проекти кои не се реализирани во изминатите 4 години.

” -Ние го испитувавме јавното мислење и ја креиравме најдобрата програма. Имаме финансиска кконструкција за сите овие проекти од минатата програма и за нови проекти.“

Илиевски го праша Димитриевски “Каде се инвестициите од 12 милиони евра кои ги зборува Димитриевски, тој направи само еден кружен тек, столбчиња на октомвриска и монтажна гаража. Граѓаните сакаат дела, да биде исполнето тоа што е ветено. Ние треба да се сконцентрираме на граѓаните, кога сте во постојан контакт со граѓаните тогаш знаете што е најдобро за нив.

”Илиевски апелираше Димитриевски да не се прави сцени и драматургии, да се почитува изборниот процес и истакна “Како СДСМ нудиме реални проекти, за сите граѓани, без ралзика на било каква припадност, на 31ви победуваме, и општината ќе се развива, граѓаните ќе одат напред. Време е Куманово да биде чист, зелен и модерен град!”

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК