Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев на Сител: Европските интеграции се возможни ако нема национализам во општините

-Испраќам порака за мобилизација, бидејќи се борев против режим, се борев на дипломатските маси, носев храбри одлуки и потребна е поддршка од граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија. Тој изрази надеж и дека до крајот на годината ќе се одржи и првата меѓувладина конференција, па оттаму не треба да има општини кои шират национализам.

-Имате политики кои ќе ве скараат со соседите и тоа не придонесува за интеграциите. Со Влада предводена од мене, во која верувам дека ќе имаме неколку пратеници повеќе и граѓаните тоа го насетуваат, не можете да бидете локомотива и да бидете лидер ако се случи да имате спротивставени локални власти. Тоа е невозможно и затоа ги повикувам граѓаните да излезат, но седејќи дома помогаат режимот да се врати, кажа Заев.

Тој уверува дека без оглед на резултатите и без разлика дали тој ќе биде на чело, Владата ќе биде предводена од СДСМ со коалициските партнери и со стабилно мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК