Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Експертите потврдија дека државата троши двојно повеќе отколку што произведува струја

Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши двојно повеќе отколку што произведува струја, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации.

Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО. Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас.

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризнп тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја“ додаваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Кој го следи и тајно го слика лидерот на опозицијата Венко Филипче и неговото семејство – втор пат за кратко време објавени фотографии од приватни настани на македонски интернет портал

ДЕСК

Ограбено казино во големи гужви среде Струга – арамијата отишол со пари од дневниот промет

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 17 годишно девојче

ДЕСК