Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурите под нулата, магла во котлините – Четиридневна прогноза, кога да очекуваме затоплување?

Денес ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои утре наутро понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со мала облачност, а потоа ќе има зголемена облачност во јужните делови.

Од четврток утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе се покачат за неколку степени.

Прогноза за 27.10.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 28.10.2021
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Сончево со мала до умерена облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 29.10.2021
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Сончево со мала облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +