23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Ќе ве прегазиме, нема да знаете што ќе ви се случи после“ – закани кон кандидат за советник од СДСМ во присуство на внучето и сопругата

Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“, денес обвини дека вербално бил нападнат и провоциран од тимот на Димитриевски пред неговиот дом во присуство на сопругата и внучето.

„Дојдоа активисти на Димитриевски на мојата врата на домашна адреса, со пропаганден материјал и провокациски напади, „Ќе ве прегазиме, нема да знаете што ќе ви се случи после“, а на што претходеа непристојни зборови и понуди од страна на Александар Крстевски – човек на Димитриевски, а веднаш потоа и закани од страна на Драган Алексовски-Вуле. Сето ова се случи пред мојата влезна врата во присуство на мојата сопруга и малолетниот внук кои не беа должни да сведочат на ваков немил настан. Уште еднаш одговорно тврдам дека немало никакво насилство од моја страна.

За овој настан ќе поднесам и приватна тужба против лицето, Драган Алексовски кој на секој можен начин се обидува да ме дискредитира.

Целта на нивната посета беше да ме провоцираат, знаат точно каде живеам и сакаат да го продолжат насилството од вчера кога беше нападнат мој колега кандидат за советник, на мојата врата и пред мојата сопруга и малолетно внуче започнаа да ме навредуваат и ми упатија директна закана. Ова е класичен обид за спинување на насилството кое започна само еден ден од официјализирањето на коалицијата на режимот меѓу Димитриевски и Мицковски со Груевски. “

Во нивна одбрана вели Петрушевски, на прес-конференција од тимот на група избирачи изнесени се лаги и невистини.

„ Срамно и во најмала рака е дегутантно да се изнесуваат вакви лаги и невистини како што денес изнесе тимот од групата избирачи. Како може да обвинувате човек во години дека физички се пресметува со жена? Целосно ги отфрлам ваквите обвинувања од Ваша страна и ќе поднесам кривична пријава пред надлежните органи за клевета“-рече Петрушевски.

„Вие почитувани лажни „сдсмовци“ откако ја добивте поддршката од опозициската ВМРО секојдневно, стравувајќи од пораз на локалните избори, се служите со секакви средства со цел да ја изманипулирате кумановската јавност. Конструирате случаи каде што нема. Влезени сте во филм небаре ова е „Див Запад“. Засрамете се!
Од 17-ти октомври па наваму постојано измислувате случки, притисоци, физички напади, само затоа што знаете дека ќе изгубите на 31-ви октомври. Кумановци не заслужуваат да ги лажете, а уште помалку да ги водите наредните 4 години. Веќе станавте здодевни со ваквите театри кои секојдневно ги приредувате. Но, ние ќе ве издржиме уште овие неколку дена.

„СДСМ ќе остане партија на просперитет и родова рамноправност, СДСМ ќе победи уште еднаш на овие избори сакале вие или не“, порача Петрушевски.