Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Обединувањето е можно, остварливо и неопходно за да продолжи развојот на Скопје.

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

Обединувањето е можно, остварливо и неопходно за да продолжи развојот на #Скопје.

Ова е време кое бара од нас одважност да се издигнеме над себе и личните очекувања.

Ајде да бидеме паметни и да не дозволиме самите да си ставиме кочница на патот. Кочниците кои ни ги поставуваат другите, дома или однадвор, се тешки, но знаеме дека не зависат само од нас и со нив се справуваме.

Не давајте му го Скопје на оние кои веќе го унаказија, го нагрдија и му ја одзедоа душата. Скопје не заслужува ново понижување, нови забегани експерименти и нови изживувања врз неговата урбана физиономија.

Знам дека тоа нема да се случи, бидејќи Скопје го заслужува најдоброто! Слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога се потребни на својот град и на својата држава, ги знаат и своите одговорности.

Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за да продолжиме напред, за број 12, бидејќи тоа е најдоброто за сите!

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +