Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка: Има неколку повредени

На 22.10.2021 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Никола Тесла“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од И.Е.(31) од Скопје и патничко возило „даихатсу“, управувано од С.Г.(52) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК