Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

27-годишен скопјанец повреден од огнено оружје, сторителот непознат

27-годишно лице од Скопје било погодено од огнено оружје од страна на непознат сторител, соопшти полицијата.

Имено, синоќа, во 00.06 часот, во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б. И. (27) од Скопје.

Според пријавеното, Б. И. отиштол во својата викенд-куќа во с. Кучково со Б. Л. и кога излегол од возилото, бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК