2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи: Нема потреба од предвремени парламентарни избори, владината коалиција е стабилна

Портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Бујар Османи на вчерашната прес-конференција ја искажа проценката на ДУИ за изборната кампања, за текот на изборниот процес во првиот круг и постигнатите резултати за градоначалници и листите на општински советници.

Османи го истакна фактот на значителното зголемување на бројот на гласовите на Демократската Унија за Интеграција во споредба со бројот на освоени гласови на локалните избори во 2017 година, сметајќи дека ова е рефлексија на довербата во зелената агенда како најкреативна понуда во политичката сцена на земјата.

Тој ги покани граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да гласаат за бројот 3 во општините каде што се натпреварува Демократската Унија за Интеграција, како и да ја дадат својата поддршка за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје.

Според Османи, владината коалиција е стабилна и се очекува да се прошири по изборите.

„ Нема ниту ново парламентарно мнозинство, ниту потреба од предвремени парламентарни избори. Владината коалиција е стабилна, а по изборите, очекуваме парламентарното мнозинство и да се прошири“ – истакна Османи.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +