Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Кондовски: Очекувам победа во вториот круг, овие две недели ќе ја зголемиме предноста во Битола

Фокусот на кампањата ќе продолжи со ист интензитет, уште помотивиран сум и поотворен со граѓаните, кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски во гостувањето на ТВ24. Според него водството пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не е голем, односно 300-400 гласа и смета дека овие две недели се одлична можност за тој јаз уште понатаму да се зголемува.

-Очекувам поголема поддршка и мислам дека со гласовите на ДУИ како природна коалиција, правиме се, правиме средби со нивното членство, работиме доста пријателски, обединително, тие имаат член на совет сега, секако дека ќе работиме во иднина, кажа Кондовски.

Тој најави дека посветено ќе работи на проектите за младите, зелената агенда и ќе ја заврши гасификацијата на градот.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК