Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кондовски: Бесплатен интернет во секое училиште за полесен пристап до платформите за учење

Интегрален текст од изјава на кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски:

Почитувани битолчани,

Сите ученици во сите училишта треба да имаат пристап до платформите за учење на интернет. Само така ќе обезбедиме квалитетно образование и поеднакви услови за школување и развој на секое дете.
Притоа, руралните средини не смеат да бидат запоставени. И децата во училиштата во руралните средини мора да имаат пристап до интернет.
Затоа ветувам бесплатен интернет во секое училиште, во градот и во секое село на територијата на Општина Битола.

Ова е особено важно кога ќе се земе во предвид дека поради пандемијата на Ковид многу деца беа принудени да учат на далечина, на интернет.

Не смееме да дозволиме да назадуваат затоа што немаат интернет.

Нашата заложба за бесплатен интернет во секое училиште во Општина Битола е придонес за квалитетно образование на сите деца.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК